Недовршените згради кај Ректоратот на УКИМ ќе станат нов дом на ФИНКИ
Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една деценија, конечно ќе се доградуваат откако ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука информираат дека на 30 јануари завршил рокот за пријавување на тендерот








