Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите на САД со Кина и кинескиот претседател Кси Џјинпинг. „Имам многу добар однос со Кси“, изјави Трамп пред новинарите во неделата вечерта на „Ер Форс Уан“. „Ние ја имаме моќта на царините, а тој има други механизми на влијание врз нас



