Коњановски: Битола станува центар на куглањето: репрезентациите ќе се подготвуваат за светското првенство во Австрија
Битола беше домаќин на полуфиналето и финалето од поединечното државно првенство во куглање во сениорска конкуренција, при што битолската куглана повторно доби високи оценки за условите што ги нуди за овој спорт. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека е чест да се проследи ваков настан, особено по позитивните оценки од страна на кугларската





