Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти
Со ревијален одбојкарски натпревар меѓу девојчињата од основните училишта „11 Октомври“ и „Киро Глигоров“, денеска беше отворена новата сезона на „Лига Центар“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им посака на младите спортисти од Центар многу успеси, добри резултати и спортски достигнувања, нагласувајќи дека општината продолжува



