Градско дерби МЗТ - Работнички како некогаш
Кошаркарите на Работнички ја продолжија сјајната серија со 7-ма победа на 7 натпревари откако синоќа убедливо го совладаа актуелниот шампион и најголем ривал МЗТ Скопје на негов терен 60-74. Трибините во СЦ „Јане Сандански“ беа солидно исполнети како што и му доликува на ова градско дерби со богата традиција. На една страна беа Фемили Аеродром на својата





