Тамба: Секако дека сум среќен по победата во дербито, постигнав два гола!
Херој на Шкендија на вчерашното дерби со Вардар секако дека е Фабрис Тамба, напаѓачот на тетовци. И не само поради двата гола за 0:2, туку и за тоа како го одигра овој натпревар интернационалецот од Сенегал. Тамба беше предводникот на извонредниот настап на Шкендија која просто играчки го прегази својот голем ривал: „ Можам да кажам дека беше тежок










