Еурофарм Пелистер и ПСЖ приредија спектакл во Битола
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен приредија вистински спектакл во Битола, одигрувајќи драматичен натпревар кој заврши без победник – 34:34, во рамки на ЕХФ Лига на шампиони. Францускиот шампион подобро го отвори натпреварот и на паузата замина со предност од 18:15. Сепак, во второто полувреме битолчани заиграа далеку поагресивно и










