Денес роденден слави Орце Чунихин – Орша, еден од највпечатливите вокали на македонската рок сцена
На 15 февруари 1960 година во Скопје е роден Орце Чунихин – Орша, македонски рок-музичар, вокалист и фронтмен чија музичка трага го одбележа развојот на домашната рок сцена од 1980-тите до почетокот на 2000-тите. Орша ја започнува својата кариера како дел од составот „Макакус“, најдобрата акустичарска група во Скопје, каде што го покажува својот енергичен

