Силекс немилосрден против Шкупи, Брера со пресврт до три бода за директен опстанок!
Две интересни средби го одбележаа 25. коло во ПМФЛ, во кои Силекс и Брера Струмица стигнаа до важни победи. Силекс одигра убедлив натпревар и со 6-0 го совлада Шкупи, во меч во кој доминираше од почеток до крај. Во листата на стрелци се запишаа Ади Алиќ, Пиреш, Мартин Мирчевски, Едис Бутуровиќ, Дарко Анѓелески и Илија Донов, за еден од најубедливите







