Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на Бошњаците: Посакувам меѓусебно да се почитуваме и разбираме во градењето заеднички дом на рамноправни и среќни граѓани
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. „Вие, Бошњаците, не сте само припадници на еден етнос, туку и важен човечки капитал. Вие, Бошњаците, имате не само уставно загарантирано право слободно да го изразувате, негувате и развивате својот идентитет преку културни, уметнички










