Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело, Ѓорѓиевски: Светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
Град Скопје денеска организираше бесплатен разглед на Матка и Врело, можност за граѓаните да уживаат во една од најголемите атракции на градот. Со организиран автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ги запознаваа овие убавини и можеа да слушнат повеќе за нивните особености








