Шест активни пожари во Македонија, изгаснати 22 во последното деноноќие
Шест пожари на отворен простор се активни утрово во Македонија, еден е ставен под контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. До 7:30 часот биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Активен е пожарот на подрачјето на Општина Студеничани, меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде гори мешана шума. Во Општина










