Родителите на жртвите од „Пулс“ се залагаат за повторно назначување на обвинителката Трајчева: 63 животи не смеат да станат само административна одлука
Одлуката на Советот на јавни обвинители да не го продолжи мандатот на обвинителката која работеше на предметот „Пулс“ веќе половина година предизвика сериозна загриженост кај семејствата на жртвите. Тие бараат континуитет и ефикасност во постапките за еден од најсложените случаи во државата. Родителите истакнуваат дека станува збор за обвинителка која







