Македонија некогаш се гордееше со женскиот ракомет, денес се радуваме на победа против Белгија
Женскиот репрезентативен ракомет некогаш беше македонска гордост. Пред нашите ракометарки паѓаа велесили како Данска (двапати), Германија, Русија, Франција, а за оние од „источниот блок“ како Белорусија, Полска, Србија, Хрватска и Украина бевме вистински „ноќен кошмар“. Гордо ги гледавме настапите на Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Валентина Радуловиќ,

