Ќе се испитува водоводната мрежа - неколку скопски улици без вода
Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради испитување на водоводна мрежа на ул.Милан Мијалковиќ бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Милан Мијалковиќ, Мариовска, ул.Благоја Гојан, Виктор Ивановиќ Глигоровиќ и ул.Пандо Кљашев. Прекинот е почнат од 11:10 часот и ќе трае до завршување со работните активности.