Македонските аеродроми бележат рекорден раст: 3,5 милиони патници во 2025 година
Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија вкупно 3,5 милиони патници и реализираа 26.500 летови, што претставува зголемување од 9% во однос на 2024 година. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, истакнува дека успехот е резултат на стратешки вложувања, модернизација на инфраструктурата,










