Берокал: Не ја почитувавме кошарката, затоа загубивме!
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не планира да си поднесе оставка по неочекуваниот пораз од Кипар (75-85) во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Шпанскиот стратег не го криеше разочарувањето од изданието на своите избраници, но беше дециден дека не размислува за повлекување од функцијата








