Дрвокрадец со автомобил прегазил девојче во Чучер-Сандево
Жител на скопското село Блаце вчера со автомобил прегазил девојче во селото Чучер-Сандево, кое е повредено. Додека вршеле увид, полицајците откриле и дека возачот во автомобилот има натоварено дрва за огрев за кои немал документација, соопшти полицијата.