Добар отпор, но пораз за младата Македонија против силните Американци
Репрезентацијата на Македонија до 20 години претрпе пораз од 2:0 од селекцијата на Соединетите Американски Држави до 20 години во контролен натпревар одигран во Бугарија. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа солиден и корисен тест против квалитетен противник, кој послужи како добра проверка на формата и дополнително уигрување на екипата





