Собранието даде зелено светло за скратена постапка на Законот за укинување на техничката влада
Со мнозинство гласови, Собранието денеска ја помина првата фаза од законодавната постапка за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, при што беше утврдена потребата предлог-законот да се носи по скратена постапка. За одлуката гласаа 67 пратеници „за“, 13 беа „против“, а немаше воздржани, со што предлогот ја доби потребната поддршка










