Без вода попладнево неколку делови од Скопје
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради технички зафат од страна на ЕВН во пумните станици Шуто Оризари и Визбегово, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Шуто Оризари, дел од Визбегово и касарната Илинден. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:00 часот до завршување со санација на дефектот.

