Каде што полицијата потфрла, ќе интервенира „Сејф сити“ – системот ќе го таргетира и најголемиот проблем на скопјани: непрописното паркирање
Скопје секојдневно се соочува со вистински хаос поради непрописно паркирани возила, особено во општините Центар и Карпош, каде цели сообраќајни ленти често се блокирани со часови. Комуналниот и полицискиот надзор очигледно не успеваат да се справат со оваа појава, па жителите сè повеќе ја пречекуваат најавата дека системот „Сејф сити“ ќе внесе ред

