26 пожари изминатите 24 часа: Кај Крива Паланка ставен под контрола, останатите 25 изгаснати
Изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, ниту еден од пожарите во моментов не е активен. Еден пожар е ставен под контрола, додека преостанатите 25 се целосно изгаснати. Под контрола останува пожарот на излезот од Крива Паланка, во близина на депонијата









