Ѓоковиќ го разби Димитров пред Меси и ќе игра за 100. АТП титула во кариерата
Новак Ѓоковиќ е првиот патник во финалето на АТП Мастерсот што се игра во Мајами и тоа откако вечерва без проблеми го надигра неговиот редовен „пациент“ Григор Димитров. Поранешниот светски рекет број еден славеше со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-3 и сега води со 13-1 во пресметките со Димитров. Мечот траеше нешто повеќе од еден час, период во кој Григор