ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш
Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови. „Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување






