БВК Коњаре славеше на гостувањето кај Кадино, со победа го отвори колото во Третата лига Север
Екипата на ФК БВК Коњаре со победа го отвори 15. коло во Третата лига Север, откако на гостувањето кај ФК Кадино славеше со резултат 3:1. Гостите од Коњаре одиграа квалитетен натпревар и со три погодоци успеаја да стигнат до важни три бода на ова тешко гостување. Стрелци за БВК Коњаре беа Гзим Бакиу, Руфат Чилафи и Ертан Демири, кои со своите голови


