Вардар го згасна битолскиот вулкан и полека го лади шампионскиот шампањ
Ракометарите на Вардар 1961 уште еднаш потврдија дека играат во врвна форма откако вечерва пред преполна сала во Битола го совладаа најголемиот ривал Еурофар Пелистер 22-27 и практично стави една рака на шампионскиот пехар иако до крај има уште многу да се игра. Избраниците на легендарниот Иван Чупиќ го пребродија најтешкото гостување сезонава, пред










