Ана Митевска стартува со победа на ЕП за играчи до 16 години во Парма
Ана Митевска е единствената македонска тенисерка учесничка на Европското првенство што се игра во Парма за тенисери и тенисерки до 16 години. Таа во меч од второто коло ја победи Елена Торбица од БиХ со 2-0 во сетови (6-0, 6-0). Во следната рунда ќе игра со победничката од мечот Мари Лапима од Естонија и Дафне Перикард од Франција. Зара Зафировска