35-годишник од Словенија осомничен за фалсификување возачка дозвола
СВР Куманово извести за кривична пријава поднесена против 35-годишниот државјанин на Словенија, Н.С., кој е осомничен за фалсификување документи. Инцидентот се случил на 26 февруари, на Граничниот премин Табановце, кога осомничениот при влез во земјата покажал возачка дозвола издадена во Словенија, за која се утврдило дека е фалсификувана.



