Алкараз губи 3.000 поени, но зглобот е поголемата закана од ранкингот
Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на Ролан Гарос и ќе го пропушти и мастерсот во Рим, поради повреда на зглобот што го прекина неговиот настап во сезоната на земјена подлога. Шпанецот ќе загуби 3.000 АТП-поени, но за неговата кариера многу поважно прашање е дали повредата може да стане долгорочен проблем. Алкараз се повреди на турнирот во Барселона,




