Владата вели дека СДСМ шири хистерија кога прашува кој бил со Мицкоски во владиниот авион на летот за Сплит лани во август
Владата вели дека СДСМ шири хистерија откако лидерот на опозициската партија Венко Филипче побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски за тоа кој патувал со него во владиниот авион на летот за Сплит во август минатата година. Од СДСМ велат дека премиерот го користел државниот ресурс за заминување на одмор и бараат отчет за сопатниците на овој лет








