Шкендија не го заборави Мемеди, капитенот им го подари неговиот дрес на трите ќерки
Фудбалот денеска беше во втор план за Шкендија. Тетовскиот клуб го одигра првиот натпревар по трагичната смрт на Агрон Мемеди, поранешен фудбалер на тимот и член на стручниот штаб, кој ја загуби битката за живот откако колабираше за време на тренинг. Пред дуелот со Силекс, фудбалерите на Шкендија му оддадоа почит на својот поранешен соиграч и колега







