Општина Прилеп обезбедува по 3.000 денари за првачињата: Еве како и до кога се аплицира
Општина Прилеп објави јавен повик за еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение во основните училишта на територијата на општината. Оваа година мерката за првпат се реализира со цел да им се помогне на семејствата и да се олеснат трошоците поврзани со почетокот на основното образование. Родителите и старателите






