Денес роденден слави нашата фудбалска легенда Ѓоре Јовановски
На 22 март 1956 година во Скопје е роден Ѓоре Јовановски, едно од најпрепознатливите имиња во македонскиот фудбал. Уште од младоста, Јовановски го врзува својот живот со фудбалот, а најсилниот печат како играч го остава во редовите на ФК Вардар. Играјќи на позицијата десен бек, тој бил познат по дисциплината, борбеноста и тактичката зрелост – карактеристики




