Обновена урбаната опрема во паркчето спроти „Олимпико“
Општина Карпош спроведе акција за обнова и уредување на постојната урбана опрема во паркчето пред зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, број 147. Од Општина Карпош велат дека целосно се заменети дотраените дрвени штици на клупите, додека масата е освежена и повторно бојадисана, со што просторот добил поуреден и естетски изглед. – Паркчето








