Вардар покажа дека одлично пазареше зимава: Тројца нови фудбалери постигнаа гол против Арсими
Лидерот на прволигашката табела, Вардар, за само 45 минути против Арсими во првото пролетно коло има убедливи 4-0 и веќе може да ги впише бодовите на своето конто. Она што е интересно, првите три гола за Вардарци беа дело на новите фудбалери кои пристигнаа во зимскиот преоден рок. Стефан Цветковиќ погоди уште во петтата минута, а Бобан Николов зголеми










