Мицкоски: 700 милиони евра од еврообврзницата се за враќање на долгови од претходната влада
Покрај тоа што градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада, и најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра ќе бидат за враќање на стари долгови направени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски рече дека минатата година, во







