Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без возачка дозвола
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица поради сомнение за безобѕирно управување моторно возило. Според Министерството за внатрешни работи, дури 14 од приведените управувале без положен возачки испит. Полициските интервенции биле извршени на повеќе локации во државата. Меѓу приведените има лица од Штип, Прилеп, Кочани, Скопје, Велес и Куманово,









