Националната опера доби нов уметнички директор
Тубистот Мицко Дамњановски е новиот уметнички директор на Операта при Националната опера и балет (НОБ). Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 година. Мицко Дамњановски во 2002 дипломирал на Факултетот за музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 на Кралскиот конзверваториум