Најава од Водовод: Во понеделник без вода овие улици
Од скопски Водовод информираат дека во понеделник, 17. ноември, поради промена на 3 затворачи на ул.Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

