Камерун ја победи Јужна Африка и ќе игра против Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации
Камерун ја победи Јужна Африка со 2:1 синоќа во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Јуниор Чамадеу и Кристијан Кофане ги постигнаа головите за Камерун, додека Евидес Макгопа го постигна единствениот гол за Јужна Африка. Камерун ќе се соочи со Мароко во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот ќе се игра в петок, 9 јануари







