Два музеја со над 5.000 артефакти ќе го оживеат Калето пред „Скопје 2028“, Мицкоски: Очекувам да добие лик и функционалност каква што заслужува
Скопското Кале треба да добие нова содржина и функционалност, со ставање во функција на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период, како дел од културната понуда на Скопје, кое во 2028 година ќе биде Европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и адаптација









