Судир на два авиона на аеродромот во Вашингтон
Два патнички авиона на американската компанија „Американ ерлајнс“ се судриле во петокот пред полетување на меѓународниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон. Во судирот на едниот авион му се откинал дел од крилото, но нема повредени. Според американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА), инцидентот се случил околу 17:10 часот по локално време,









