Превц победи на скокалницата во Висла
Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва на скокалницата во Висла во рамки на Светскиот куп во скијачки скокови. Превц дојде до својата прва победа во сезоната со скокови од 136,0 и 130,0 метри, со што освои 286,2 поени, 6,8 повеќе од второпласираниот Германец Филип Рајмунд (129,0 и 130,5 метри). Третопласираниот Јапонец Рјоју Кобајаши заостана 19

