Кошмар за Бостон Селтикс, заврши сезоната за Тејтум
Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс доби ужасни вести за својот најдобар кошаркар Џејсон Тејтум кој се повреди на последниот меч против Њујорк Никс. Ѕвездата на „детелинките“ имаше повреда на минута пред крајот, а прегледите утврдија дека се работи за скината Ахилова тетива. Тејтум ќе мора на операција и за него сезоната е завршена. Бостон Селтикс