НАСА: Последното зимско затемнување на Месечината ќе биде видливо од западната хемисфера
На љубителите на астрономијата им претстои задоволство овој март бидејќи полната Месечина се чини дека ќе стане црвена за време на целосното затемнување. Последната полна месечина од зимската сезона, позната како Црвлива Месечина ќе биде во сенка на Земјата ноќта меѓу 13 и 14 март, во зависност од временската зона и ќе биде видлива од западната хемисфера