Мицкоски: При крај на пролетта ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје, ќе пристигнат до крај на годинава
Министерството за транспорт, во партнерство со Светската банка, ќе обезбеди 40 нови моторни возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, соопшти денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој подвлече дека оваа инвестиција ќе го надмине еден од најзначајните долгогодишни проблеми во функционирањето на претпријатието – дотраената,







