Њукасл го победи Манчестер јунајтед со 10 играчи
Њукасл го победи Манчестер јунајтед со 2:1 во 29. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл. Во финишот на првото полувреме фудбалерот на домашниот тим, Џејкоб Ремзи, доби втор жолт картон и беше исклучен. Во шестата минута од продолжението, напаѓачот Ентони Гордон реализираше пенал за водство на Њукасл.








