Уште една инспиративна приказна од Скопскиот маратон: Михајло трчаше со порака „Биди органодарител, подари живот“
Уште една инспиративна приказна доаѓа од Скопскиот маратон. Михајло Додевски, 23-годишен студент на Медицинскиот факултет од Куманово, трчаше со јасна порака – да се подигне свеста за органодарителството и трансплантацијата. Неговиот гест го споделија од здружението НЕФРОН, од каде велат дека Михајло го заслужува „најголемиот аплауз“ меѓу учесниците

