„Џез-вечери“ за првпат на „Охридско лето“: Четири дена врвна музика со уметници од Македонија и светот
Фестивалот „Охридско лето“ годинава ја збогатува својата програма со нов музички настан – „Џез-вечери“, чие прво издание ќе се одржи од 13 до 16 август во организација на Радио „Џез ФМ“ и НУ „Охридско лето“. Во текот на четирите фестивалски вечери, во автентичниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај ќе бидат одржани шест концерти










